Утрински Весник
Скопје

Герасимовски со ансамблот „Орце Николов”: Македонската традицијата е дел од нашата програма

Z5.jpeg

По повод 80 години постоење на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов”, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, се сретна со раководството на културно-уметничкото друштво.

На средбата се разговараше за тековните културни активности во општината и можностите за понатамошна соработка меѓу Општина Центар и ансамблот.
„Со Ансамблот имаме одлична соработка. Во рамки на програмата за култура, ансамблот доби и финансиска поддршка за проектот „80 години волшебен свет на фолклорот”, со што продолжуваме да вложуваме во негувањето на народната уметност”, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа е силен поддржувач на културата и народното творештво.

„Во изминатиот период значително ги зголемивме вложувањата во културата, а за 2026 година буџетот за култура изнесува 26 милиони денари. Преку бројни манифестации овозможуваме културни содржини што ги обединуваат граѓаните од сите возрасти. Културата е и ќе остане наш приоритет”, рече Герасимовски.

Можете да прочитате

Поради протест денеска посебен режим на сообраќај во Скопје

Професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка е суспендиран

Најтопло денеска во Скопје – 24info.mk