Утрински Весник
Економија

Азески: Новите правила за влез во шенген зоната ни создаваат сериозни проблеми, од понеделник реакции во сите погодени земји

Azeski.webp.webp

Новите правила за влез во Шенген зоната не решаваат ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а нам ни создаваат сериозни проблеми. Тие ќе влијаат многу лошо врз бизнисот. Мислам дека се најавени сериозни протести и од понеделник се очекува реакциите да се пришират во сите земји погодени од ваквата одлука, рече денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Одговорајќи на новинарско прашање по посетата на „Титан Усје“, Азески истакна дека очекува повлекување на новите правила, но не наскоро.

Како што информира, особено е жесток и критичен тонот на странските инвеститори во Македонија кои и денеска се во претставништвото на ЕУ во Македонија да реагираат.

-Мислам дека работата ќе добие многу лош тек зашто се преговара поединечно со секоја земја и тоа е став на ЕУ, не заеднички. Ние се обидовме преку нашите релевантни заеднички претставнички тела на Балканот да го актуелизираме ова прашање уште пред шест месеци, но тешко наоѓавме соговорници за тоа. Единствено – „нема промена на одлуката, ние ќе преговараме со секој поединечно“. Но, тоа „секој поединечно“ значи да немаш преглед на ситуацијата. Ние упативме писмо до претседателката на Европската комисија, а информиран сум од Владата дека и премиерот лично ќе оди во Брисел и ќе разговара за ова прашање зашто мислиме дека е исклучително важно и не решава ништо за подобрување на определна област во ЕУ, а создава сериозни проблеми за нас. Очекуваме од понеделник реакциите да се пришират во сите земји погодени од ова. Не очекувам брзо решение, но очекувам повлекување на одлуката – потенцира Азески.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра