Утрински Весник
Македонија

Пресверт: ДУИ нема да гласа за „Безбеден град“

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

Демократската унија за интеграција одлучи денес да не гласа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоци, закон кој треба да стапи во сила за да може од 1 февруари да започне функционирањето на системот „Safe City“.

Координаторката на пратеничката група на Европскиот фронт (ДУИ), Рина Ајдари, за ТВ21 изјави дека нема да гласаат, притоа посочувајќи неколку барања за измени.

Денес во Собранието, на пленарна седница како точка на дневен ред се измените во Законот за прекршоци, кои треба да бидат усвоени.

Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ќе гласаат, истото го најави и Левица, додека СДСМ слично како и ДУИ најавија дека нема да гласаат за измените во законот.

Потсетуваме дека за законот во прашање е потребна поддршка со двотретинско мнозинство во Собранието.

Можете да прочитате

МВР: Се поништува јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес

Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра

Крмов: За „Сејф сити” ќе бараме скалесто казнување