Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост во околината на Кочани

Magla Avtopat.jpg

Намалена видливост до 150 метри има во околината на Кочани. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е и појава на поситни одрони. Воедно, сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.

Како што информира АМСМ, екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта, порачуваат од АМСМ.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово