Утрински Весник
Македонија

Коњановски: Потребно е да се подобри ефикасноста и рентабилноста на јавните претпријатија

Toni konjanovski 1920.jpg

Според битолскиот градоначалник, Тони Коњановски, потребно е да се подобри ефикасноста и рентабилноста на јавните претпријатија кои се соочуваат со предизвици.

„Темите со јавните претпријатија честопати се предмет на дискусија во јавноста. Секое од нив се бори со своите предизвици, како што беа енергетската криза и зголемувањето на платите. Потребни се и инвестиции во механизација, особено со оглед на новите градежни проекти што општината ги доби од владата“, рече Коњановски.

Тој нагласи дека во Битола има претпријатија кои со децении немале корегирани цени, како што се комуналните услуги кои не се менувале од 1994 година. „Сега сме пред предизвикот за зголемување на цените на услугите. Не е популарна мерка, но е неопходна за претпријатијата да станат посамостојни и поефикасни“, додаде градоначалникот.

Коњановски ја замоли јавноста за разбирање и истакна дека заедно ќе продолжат да градат одржив систем на функционирање на јавните претпријатија.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ