
Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски
Ако на почетокот на вториот мандат на претседателот Трамп бев голем оптимист по основ на неговата реалполитика и стилот кој го манифестирање за решавање на проблемите бев со пофални збориви кон него, но денес се прашувам што тоа прави претседателот Трамп да не претера малку повеќе со неговата геополитика.
Впрочем, во теорија на политичката наука стилот на водење на надворешна политика на пртеседателот Трамп може да се опише како реализам без дипломатија т.е. претседателот Трамп во изминатиот период се однесуваше како „тврд реалист“, каде моќта и интересот на државата се поважни од вредности, додека меѓународните институции се секундарни. Факт е тоа дека кај класичниот реализам сепак се користат стабилни правила, додека кај претседателот Трамп тие често недостасуваат, делува дека си ги креира работите на негов “шоубизнис“ стил (впрочем така се гради неговата империја). Од социолошки аспект доаѓа до ерозија на мултилатерализмот односно стилот кој го манифестира претседателот кон НАТО а САД се главни актери во војниот сојуз, одност кон СЗО како и кон Парискиот договор а да не заборавиме овие не претставуваат само институции, туку тие се нормативни рамки, каде со личниот однос кон нив доаѓа до сериозно нивно поткопување од страна на претседателот Трамп со што ја слабее глобалната доверба и колективната акција. Од овој аспект јас сум дециден, но и многу други теоретичари велат дека претседателот Трамп “претера“ со своето бахато однесување кон геополитиката а со самото тоа и систем станува похаотичен.
Силната популистичка геополитика придонесува за тоа да претседателот Трамп ја внетнува внатрешната политика во надворешната преку пораки насочени кон домашната публика како и конфликтот како политички капитал, затоа ова е опасно бидејќи геополитиката бара долгорочност, а не изборни циклуси. Исто така, стилот на делување на претседателот Трапм е непредвидлив како стратегија, што укажуа на тоа дека неговата логика се движи кон тоа ако јас сум непредвидлив, веројатноста е голема дека другите ќе попуштат, што може на кратки релации оваа негова теорија да има одреден ефект, но долгорочно може да предизивика катастрофа оти главниот сојузник на САД, а тоа е Европската Унија се дистанцираат од таквите политики (тој доаѓа а тие си одат од Давос), додека противниците се подготвуваат за најлошото сценарио, оти човекот е непредвидилив налик на нашиот Батко Ѓорѓија “све што видеја у село сака да е његово“.
Она што е најзначајно е тоа дека претседателот Трамп со ваквиот шарлатански стил на водење политика нема да ја уништи геополитиката, но ризикува да ја радикализира и персонализира, што носи ризици за глобалната стабилност.
Но сепак, за да не се базирам само на мојата теорија, проверив и некои други, дури се обидов да ги доловам коментарите на луѓето и зошто и тие имаат одредно мислење дека претседателот Трамп претерал. Сето ова се состои во податокот дека претседателот Трамп демонстрира непредвидливост преку честите остри изјави и промени на ставовите што создаваа несигурност кај сојузниците, врши притисок врз традиционалните сојузници со критики кон НАТО и ЕУ како долгорочни партнери, што воедно се остава впечаток за слабеење на западниот блок. Исто така, луѓето мислат дека ја персонализира дипломатија а за ова добар пример е последниот гаф каде претседателот Трамп бара да му се додели Нобелова награда за мир директно од норевшката влада, со што и процури во јавноста писмо (може и да шпекулација, но сепак премиерот Сторе ја потврди автентичноста на истото) но сепак цитирам дел од тоа “не ми дадовте нобелова награда за мир, заборавете на мирот“ многу лично делува тоа што го напишал во писмото претседателот Трамп до норвешкиот премиер, па затоа премиерот Сторе мораше да излезе на прес и да објаснува дека нивната влада нема ингереции во тој дел. Исто така перцепцијата кај луѓето е дека става фокус на лични односи пред се со Путин, Ким Јонг-ун и слични лидери наместо да се фокусира на институционалната дипломатија која сепак треба да биде системски процес.
Конечно можам да заклучам дека претседателот Трамп ја води геополитиката поагресивно и неконвенционално од повеќето негови претходници, што за едни тоа е неопходна корекција, додека за други тоа претствавува опасна ескалација што ја нарушува глобалната стабилност.
п.с. не се осврнувам на делот на асењето на претседателот на Венецуела Мадуро и отвореното барање за присвојување на Гренланд од Данска – политиката тоа сум јас.
Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

