Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локални врнежи од дожд и снег на планините

Sneg.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер, соопшти УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 0, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 4 степени.

До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег. 

Можете да прочитате

Уапсен маж од кичевско, извадил пушка пред адвокатска канцеларија и се заканувал

На државна парцела неовластено изградил деловен објект, кривична за маж од Дебар

Деспотовски: Доста е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување