Утрински Весник
Свет

Невреме ја зафати Италија – 24info.mk

Nevreme369.jpg

Силното невреме „Хари“ што го зафати Медитеранот предизвика сериозни поплави и разорни бранови во повеќе крајбрежни подрачја, особено на Сицилија. Улиците во неколку градови беа целосно под вода, а жителите во паника ги напуштаа своите домови. На островот Липари, невремето за кратко време го поплави пристаништето и околните улици, додека во Катанија силните бранови направија значителна материјална штета, откако водата навлезе во ресторан и ја уништи неговата внатрешност. Надзорни камери го забележаа моментот кога брановите ги искршија прозорците и продреа во објектот. Во пристанишниот град Месина, поради силниот удар на морето, дел од крајбрежната променада се урна. Поради опасните временски услови, властите прогласија црвено предупредување за Сицилија, Сардинија и Калабрија.

На Сицилија беа измерени ветрови со брзина до 119 километри на час, бранови повисоки од девет метри, а во Катанија беше регистриран значителен пораст на морското ниво од над пет метри. Со влошувањето на состојбата, беше наредена превентивна евакуација на околу 190 лица од најризичните области. Воедно, беше прекинат фериботскиот сообраќај кон Сардинија и помалите острови, а во повеќе градови беа затворени училишта, паркови и спортски објекти. Метеоролозите најавија дека во рок од два дена може да наврнат и до 300 милиметри дожд. Невремето ја погоди и Малта, каде што силните бранови предизвикаа поплави во дел од урбаните средини. Забележани се налети на ветер до 105 километри на час, а жителите во одредени делови од островот добија препораки да останат во своите домови.

Дел од летовите и фериботските линии беа откажани или пренасочени, додека службите за итни случаи интервенрирале во повеќе од 180 случаи. Последиците од бурата се почувствуваа и во други делови на Медитеранот. Во јужна Шпанија беа активирани жолти метео-предупредувања за силен ветер и високи бранови, особено во крајбрежните градови во Андалузија. Слични временски услови беа регистрирани и во делови од Франција, каде што крајбрежните региони се соочија со обилни врнежи и силни ветрови.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон