Утрински Весник
Скопје

(Видео/Фото) Граѓани на протест: „Жолт картон за Усје и МЖСПП!“

Usjeprotest26.jpeg

Стотици граѓани предводени од иницијативата „Стоп за Усје“ попладнево повторно ја блокираа крстосницата пред фабриката ТИТАН Усје во знак на протест за како што велат загадувањето што оваа фабрика му го прави на Скопје.

Со пораки „Жолт картон за Усје и МЖСПП“ „Ваши тајни деловни за наши бели гробови“ „Скопје во одбрана на живот“ беа дел од пораки што граѓаните ги носеа на протестот.

Во обраќањата пак, неколку од граѓаните посочија дека Усје сo децении е најголем загадувач на Скопје, дека нејзино дислоцирање ќе значи и сериозно намалување на загадувањето.

Еден од говорниците го издвои примерот со Југохром и фактот што според него во Тетово се преполовило загадувањето откако фабриката не работи.

Друг говорник посочи дека загадувањето не е само еколошки туку и здравствен проблем од кој најзагорзени се најмладите, односно децата.

Од страна на присутните беше порачано дека овој протест нема да биде последен туку дека блокадите ќе продолжат се додека не се исполнат нивните барања.

Од ТИТАН Усје, претходно во денот излегоа со став дека нивното работење е согласно сите прописи и закони и дека бројни контроли покажале дека фабриката не го загадува воздухот во Скопје.

Можете да прочитате

Потпишан меморандум за стратешка соработка меѓу Градот и УНДП

Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол, механизацијата е на терен

„Стоп за Усје“ денеска со нов протест и блокада