Утрински Весник
Македонија

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем

Vesna Janevska Scaled 1.jpg

Со новата Стратегија за образование 2026-2032 фокусот е ставен на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, како и примена на нови формули за финансирање на училиштата. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на дебата посветена на Стратегијата, која се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.

„Иста така се предвидува и подобрување на инфраструктурата, како и оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото образование и науката“, додаде Јаневска, напоменувајќи дека имплементацијата на документот ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем.

Нацрт верзијата на Стратегијата е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладиниот сектор.

Можете да прочитате

Клиниката за гинекологија и акушерство доби петгодишна акредитација за квалитет и безбедност

Тајна шахта и кражба на струја од над 56.000 евра откриени во станбено-деловен објект во Тетово

Вејсели: Цените растат, ДУИ со предлог мерки за заштита на семејствата