Утрински Весник
Македонија

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата Законот за угостителство сѐ уште е само во најава

Mojsoska.jpg

Соопштение за јавност на Левица:

На денешната седница за пратенички прашања од опозицијата, Јована Мојсоска од Левица упати прашање и до министерот за економија, Бесар Дурмиши, барајќи одговор кога ќе бидат доставени измените на законот за угостителска дејност кои беа најавени минатата година, по трагедијата во Кочани.

„После незамисливата трагедија во Кочани еден од клучните системски пропусти за работата на дискотеката на смртта беше лоциран во недореченостите во законот за угостителска дејност. Лиценцата за работа на дискотека кој се однесува на исполнувањето на техничките услови на еден објект, како излези, заштита од пожари, вентилација и сѐ останато го пополнува самиот барател. Апсурдот во ова законско решение е во тоа што никој не проверува на терен пред да ја добие лиценцата дали изјавата на сопсвеникот е вистинита”, рече Мојсоска. 

Таа посочи дека ваквиот законски модел е како „да ви регистрираат кола само со изјава дека ви е технички исправна” и дека ревизорите во извештајот за 2024 година констатирале дека издавањето лиценци за угостителски објекти се врши „без да има законска обврска за задолжителна проверка на исполнување на минималните технички услови”.

„И по десет месеци по трагедијата, ако некој сака да добие лиценца за угостител тоа ќе може да го направи преку истиот Закон за угостителска дејност кој беше во правна сила и кога се случи трагедијата во Кочани. Јасно е дека позади ваквото лошо законско решение стојат профит интересите на одредени моќници од угостителскиот сектор, кои често се блиски и со самата власт”, додаде Мојсоска.

Таа потсети дека министерот Дурмиши на 25 март минатата година најавил дека работна група веќе работи на измени на Законот за угостителска дејност, со зголемување на казните и забрана за работа по одземање на лиценците, доколку се утврди дека законските одредби не се почитуваат.

„Моето пратеничко прашање е: дали до 25 март 2026 година, односно точно една година откако најавивте измени на законот, до нас како пратеници конечно ќе пристигне изменетиот Закон за угостителка дејност, со цел во иднина да спречиме, а да не констатираме системски трагедии, како што за жал ни се случува постојано во минатото?”, заврши Мојсоска.

Можете да прочитате

Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење

СДСМ: Враќање во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, медиумски мрак и хајки

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2032 ќе обезбеди поквалитетен национален образовен систем