Утрински Весник
Македонија

Косовски камионџија починал на патот Деве Баир – Крива Паланка

Policija.webp.webp

На 21.01.2026 во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на с.Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа” со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. 

Можете да прочитате

Експретседателот на скопскиот Основен суд се пријавил на огласот за државен јавен обвинител

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

Кога зборовите и музиката стануваат завет: Александар Митевски и Огнен Неделковски направија песна посветена на Фросина