Утрински Весник
Македонија

Апсење во Гостивар: Судски службеник нудел бришење казна за 100 евра

Img 7085.jpeg

Полициски службеници од Полициското одделение Ростуше на 20 јануари 2026 година, околу 20:10 часот, го лишиле од слобода А.Ј. (49) од село Присојница, Општина Маврово и Ростуше, вработен во Основниот суд во Гостивар, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Н.А. од село Калиште, Општина Врапчиште, пријавил дека А.Ј. преку негов пријател од Гостивар понудил за износ од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило во траење од шест месеци. Осомничениот тврдел дека документите пристигнале кај него на извршување и дека може „да ја заврши работата“.

По договорена средба во угостителски објект во Гостивар, Н.А. го информирал А.Ј. дека е новинар и дека снима разговор, по што осомничениот се обидел да се оправда дека станува збор за шега и се обидел да побегне, но бил спречен од полициските службеници.

А.Ј. е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

ССМ во среда излегува на протест за поголеми плати

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)”, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Мојсоска до Дурмиши: Десет месеци по трагедијата Законот за угостителство сѐ уште е само во најава