Утрински Весник
Економија

Од полноќ повисоки цени на горивата

Gorivo1.jpg

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46% во однос на одлуката од 12.1.2026 година.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,109%, кај дизелот за 5,194%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 4,462% и кај мазутот зголемувањето е за 3,846%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2303%.

Од 21.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,987 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Можете да прочитате

Тренчевска: Буџетот за 2026 е индикатор дека власта се подготвува за предвремени избори, а не за економски  развој

Минималната кошничка поскапа за 921 денар

Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра