Утрински Весник
Магазин

Александар Тарабунов со нова песна и спот

Francuski vagoni 10.jpg

Во „Француски вагони”, Александар Тарабунов ја изразува динамиката на животот преку музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, кои целосно ги реализира самиот, при што вистинската порака симболично се открива на самиот крај на песната.

Преку мотивот на француските вагони од минатото – време на бонтон и луксуз – се прикажува контрастот меѓу надворешниот сјај и скриените задкулисни игри, кои можат да донесат немир и внатрешни превирања.

На овој голем христијански празник, Богојавление (Водици), песната носи порака луѓето помалку да се фокусираат на материјалното, а повеќе да го слушаат срцето, да останат природни и вистински, да љубат искрено и да бидат човечни.

„Француски вагони” е песна со силна емоција, современ звук и длабока симболика, проследена со визуелно впечатлив музички спот.

Можете да прочитате

Колку често треба да имате секс за среќна врска? Експерт открива „златна средина“

Неврохирург открива на што родителите мора да внимаваат за здрав мозок кај децата

Стјуардесите открија едно нешто што посакуваат патниците да престанат да го прават во авионите