Утрински Весник
Македонија

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка

Popova Sapka.jpg

Најстудено изутринава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -12 степени, по што следуават со -10 Берово, -9 Крива Паланка, -8 Ѓуриште, -7 Скопје-Петровец, Куманово и Маврови Анови, -6 Kрушево и Виница. Во Велес, Пожаране и Тополчани, Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР) регистрира – 5 степени Скопје-Зајчев Рид, Прилеп и Штип,  – 4, Претор, – 3,  Струмица, Охрид, Кавардарци, Тетово и Битола – 2,  Демир Капија -1, а во Гевгелија 1 степен. 

На Попова Пашка има 24 снатиметри снег, 7 во Маврови Анови, 4 во Крушево.

Како што најави УХМР, изутринава е малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Можете да прочитате

Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово

Претседателот Филипче го честиташе големиот празник Богојавление – Водици