Утрински Весник
Балкан

Трамп го поканил Рама да биде дел од „Одборот за мир“ во Газа

Rama.webp.webp

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека добил официјална покана од претседателот на САД, Доналд Трамп, да се приклучи на т.н. „Одбор за мир“ за Газа.

Рама ја потврди информацијата преку објава на социјалните мрежи, наведувајќи дека Албанија е поканета како еден од основачките членови на ова меѓународно тело.

Тој ја оцени поканата како значајно меѓународно признание и доказ за зголемениот углед и улога на земјата на глобалната политичка сцена.

Можете да прочитате

Паника на Халкидики: Мала ајкула снимена во плиткото кај Ханиоти

Силен земјотрес на грчкиот остров Крит

РГЗ: Најскапиот стан во Белград продаден за 2,6 милиони евра, гаражно место за 77.000 евра