Утрински Весник
Свет

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона

Fudbal.jpg

Марк-Андре тер Штеген најверојатно ќе ја напушти Барселона пред затворањето на преодниот рок, во потрага по поголема минутажа која му е неопходна за да остане во плановите на германската репрезентација пред Светското првенство во 2026 година. Шпанските медиуми пренесуваат дека договорот за негова преселба во Џирона е во завршна фаза. Германскиот голман веќе ги прифатил личните услови, а останува двата клуба да ги усогласат финалните детали околу позајмицата.

Тер Штеген го изгуби статусот на прв избор по доаѓањето на Џоан Гарсија, а во последниот период се соочуваше и со проблеми со повреди, што дополнително ја намали неговата улога во тимот. Со оглед на тоа што сака редовно да брани и сè уште верува дека може да игра на високо ниво, заминувањето од Барселона, барем привремено, се наметнува како логично решение. Следните чекори во неговата кариера ќе бидат појасни по завршувањето на сезоната.

Можете да прочитате

Трамп пак му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени!

Огромен напад врз Киев, има многу ногу мртви и ранети

Франција регистрираше повеќе од 14.000 пожари и над 400 апсења од почетокот на сезоната