Утрински Весник
Свет

Стармер не сака разговори со Путин

Kir Starmer.jpg

Британскиот премиер Кир Стармер „не планира“ да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како што претходно предложија францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит.

– „Премиерот не планира да разговара со претседателот Путин. Неговата цел очигледно е да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен и траен мир и да ја постави земјата во најсилната можна позиција за продолжување на борбата и чекорите кон мировните преговори“, рече портпаролот.

Тој додаде дека рускиот претседател „досега не покажал никаков знак“ дека сака да ја прекине војната во Украина. Портпаролот истакна и дека британската влада има „редовен“ контакт со руската влада, особено преку амбасадата во Москва.

Кремљ претходно денеска го оцени како „позитивно“ тоа што некои европски земји се подготвени да го обноват дијалогот, кој беше прекинат по почетокот на рускиот напад врз Украина во 2022 година. Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, истовремено го критикуваше ставот на Велика Британија, велејќи дека „засега останува на радикални позиции“ и „не сака да придонесе за воспоставување на мирот“.

Можете да прочитате

Катар: Разговорите за завршување на војната меѓу САД и Иран напредуваат

Трамп пак му се закани на Иран: Отворете го Ормускиот теснец или ќе бидете силно погодени!

Огромен напад врз Киев, има многу ногу мртви и ранети