Утрински Весник
Македонија

Почна: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници, велат од СДСМ

Sdsm 1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година.

Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица.

Доаѓаат таканаречените „економски работници”.

Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена.

Се беше подготвено, сега само се реализира планот.

Склучија „стратешки договор” за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странци со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа.

Ги скратија процедурите, го продолжија времетраењето на дозволите. Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има „стратешки парнер” секако.

Донесоа резолуција – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти.

Тоа што се подготвуваше, почна.

Можете да прочитате

ДУИ: Владата која ја оштети економијата и ја изолира земјата, нема морален мандат да продолжи

Ладен атмосферски фронт од север ни носи невреме, нагло заладување и снег

Мерко удри по ДУИ и Ахмети: Ммате двојни аршини, мене ме игнорирате а други ги браните и барате правда