Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала облачност, дневна температура до 13 степени

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Како што информира УХМР, викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.

Можете да прочитате

Николоски: Градежништвото е со двоцифрен раст

За трагедијата во Карпош мора да има одговорност и оставка од Панче Тошковски

ЛДП бара итно расчистување на случајот во Тафталиџе и електронска нараквица за следење на насилниците