Утрински Весник
Македонија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави

Policija Mvr2.png

СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Ч. (40) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. Како што информираат од полицијата, на 14 јануари 2025 година во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое се наоѓал пријавениот заедно со уште едно лице.

При контролата, во возилото биле пронајдени и одземени 28 универзални клучеви за отворање брави, како и разни алатки и други предмети наменети за отворање брави. По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Министерството за одбрана ги објави платите

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

 Животната средина и бизнисот на една маса: Хоџа се сретна со делегација од СКСЗМ