Утрински Весник
Македонија

Продор на нов ладен бран: Викендот ни носи заладување и послаб снег

Meteoalarm.mk 58.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Викендот кој ни доаѓа во Македонија ќе ни донесе продор на нов ладен бран од исток и од североисток и истиот ќе услови повторно да имаме пад како на утринските така  и на максималните дневните температури на воздухот. Исто така облачноста ќе се зголеми и ќе има слаби локални врнежи кои полека и на пониските места (градовите) ќе преминуваат во снег.

И во Скопје  и околината за време на викендот кој доаѓа ќе имаме зголемена облачност која ќе создаде услови да има повремени слаби врнежи од дожд и од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен а во недела на 18 Јануари од североисточен правец.

Што се однесува до температурите тие викендов наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 во Сабота на 17 Јануари и од -6 до 2 во Недела на 18 Јануари а максималните дневни темпераури ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени особено во недела на 18 Јануари.

Можете да прочитате

Ученици од Скопје и Крива Паланка на  церемонијата на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски

Кога еко-активизмот станува блокада за развојот?