Утрински Весник
Македонија

Потребни се донации за операција на малиот Дамјан

Image 2.png

Дамјан е 5-годишно детенце кое многу сака да оди во градинка и да се дружи, игра и трча со другарчињата. Роден е со ригиден еквиноварус на левото стапало и до сега се поминати 2 неуспешни операции на ногата за да дојде до одредена форма и развој. За жал, оваа состојба го атрофира мускулот на левата нога и го скратува стапалото за цел број, што му прави дополнителни проблеми во одењето, трчањето, возењето велосипед…

„Во консултација со доктор од Виена, потребна е нова операција во која ќе има преместување на тетивата и дополнително вградување на имплант за да се овозможи правилно газење на цело стапало и да се продолжи правилната форма и развој на целата нога. За таа цел потребни ни се средства кои не можеме да ги овозможиме за толку краток период и би ни значело многу доколку заедно ги собереме“ велат неговите родители.

Донациите можат да се остварат преку следниот линк

Можете да прочитате

Запалено ,,Ауди” на паркинг во Аеродром

Манасиевски: ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи, a СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја

Шест лица уапсени за дрога во последните 24 часа