Утрински Весник
Македонија

ОЈО со детали за убиството во Богданци: Ножот се скршил, нападот продолжил со ножици

615210718 1182272267416632 1162493141340058474 n.jpg

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе истрага и побара притвор за маж од Богданци, осомничен дека на 11 јануари, при вршење семејно насилство, на свиреп начин ја убил својата мајка.

Според обвинителството, во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот влегле во расправија околу лекувањето на осомничениот. Во еден момент, тој земал нож од кујната и ѝ нанел повеќе убодни рани на мајка си во пределот на главата и вратот.

„Бидејќи ножот се скршил, осомничениот зел ножици и продолжил да ѝ задава убоди. Откако и тие се свиткале, од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел, со кој ја прободел во вратот“, соопштија од Обвинителството.

Од бројните нанесени убодни рани, жената искрвавила и починала на местото на настанот. Истрагата продолжува, а обвинителството побара притвор за осомничениот поради опасност од бегство и повторување на делото.

Можете да прочитате

СДСМ: Алта банка „случајно“ ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одобрение на Владата

Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане