Утрински Весник
Македонија

Владата ги избра кандидатите за Стразбур

Vlada.webp.webp

Владата на денешната 141-ва седница ја усвои листата на кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Според предлогот на Комисијата за избор, кој беше презентиран од Министерството за надворешни работи, номинирани се тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.

Со ова, постапката влегува во следната фаза. Министерството за надворешни работи сега има обврска да побара мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа. Овој панел треба да оцени дали предложените кандидати ги исполнуваат строгите пропишани критериуми за оваа престижна функција.

Откако ќе пристигне мислењето од Стразбур, Комисијата повторно ќе ја достави листата до Владата, по што конечниот предлог ќе биде испратен до Парламентарното собрание на Советот на Европа, кое го врши финалниот избор.

Можете да прочитате

Слушав експлозии, почувствував кисел мирис, барав помош рече сведок на денешното судење за „Пулс“

Денеска ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“

Предлогот за укинување на техничката влада денеска пред пратениците