Утрински Весник
Македонија

Стружанец фатен како вози со 1,82 промили алкохол

Alkohol1.webp.webp

Полициски службеници од ОВР Струга рано утринава го привеле 45-годишниот А.Р. од Струга, откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол. Инцидентот се случил на 13 јануари 2026 година, околу 01:16 часот, на локацијата позната како „Кореа“. При рутинска сообраќајна контрола, полицијата запрела патничко возило марка „Опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал А.Р.

По извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот имал 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил отстранет од сообраќај и задржан во полициска станица. По комплетирање на постапката, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, казниво по член 297-а од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата