Утрински Весник
Свет

Француската амбасада повлекува дел од персоналот во Иран

Francija.webp.webp

Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран во изминатите два дена, потврдија за агенцијата „Франс прес“ два извори запознаени со ситуацијата. Засега не е објавено колку лица ја напуштиле земјата.

„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави функционер на француското Министерство за надворешни работи за АФП.

Во исто време, неколку европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори поради репресијата врз демонстрантите во Иран. Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, соопшти дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“, додавајќи дека чекорот е преземен во координација со европските партнери. И Финска го повика иранскиот амбасадор на разговори.

Финската министерка за надворешни работи, Елина Валтонен, изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.

На истата тема реагираше и Шпанија. Шпанската министерка за надворешни работи го повика иранскиот амбасадор, а Министерството за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.

Можете да прочитате

Специјалниот обвинител побара смртна казна за поранешниот претседател на Јужна Кореја

Хулио Иглесијас се соочува со обвиненија за сексуален напад

Парламентот на Украина не го потврди Федоров за министер за одбрана