Утрински Весник
Македонија

СДСМ: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се стратешки партнери – путиновите „Ноќни волци“ 

Sdsm.webp.webp

Соединетите Американски држави и Европа гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се стратешки партнери: со путиновите „Ноќни волци”.

Како офицер за врски, вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ бил на прослава во Република Српска со „Ноќните волци” на Путин. 

Кои се другите „стратешки парнери” освен бизнис партнерите од СНС?

Тука е и  Никола Селаковиќ, српскиот министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот, откако зетот на Трамп, ја повлече својата фирма од проектот поради корупција и криминал. 

Тука е и Алта Банка и сомнителниот капитал кој бил одбиен од ЕУ. 

Дали вака ВМРО го покажува своето стратешко партнерство со САД? Дали и путиновите „Ноќни волци” се билатерално наметнати, како што вели Мицкоски?

Дали и утре, ако САД реагираат на тоа што неговиот вицепремиер слави со „Ноќните волци” на Путин и со луѓе обвинети за криминал и корупција, ќе рече дека станува збор за наметнат билатерален спор?

Паниката кога САД носат специјален Закон за Западен Балкан за борба против криминал и корупција е сега кристално јасна.

Сите ќе одговарате!

СДСМ, Центар за комуникации

Можете да прочитате

МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир

СДСМ: Стоилковиќ води циркус димпломатија

До 13 часот гласале 8,89% од гласачите на повторените избори