Утрински Весник
Свет

Ирските земјоделци излегоа на протест

G mx8d9w0ae rq0.jpg

Илјадници ирски земјоделци денеска протестираа против трговскиот договор меѓу Европската Унија и јужноамериканскиот блок Меркосур. Протестот се организира еден ден по одобрувањедто на договорот од земјите членки на ЕУ, и покрај противењето на Ирска и Франција.

Колони трактори се движат низ улиците на градот Атлон, каде демонстрантите носат транспаренти со пораките „Стоп за ЕУ–Меркосур“ и знамиња на ЕУ со натпис „распродажба“.

Протестите следеа по слични акции одржани вчера во Полска, Франција и Белгија, откако ЕУ даде зелено светло за договорот, кој е поздравен од деловните кругови, но остро критикуван од европските земјоделци.

Договорот, кој се подготвува повеќе од 25 години, треба да создаде една од најголемите зони на слободна трговија во светот, поврзувајќи ја 27-члената ЕУ со блокот Меркосур, во кој членуваат Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.

Главните извозни производи на Меркосур кон ЕУ се земјоделски производи и минерали, додека Унијата би извезувала машини, хемикалии и фармацевтски производи со пониски царини.

Многу европски земјоделци стравуваат дека нивниот опстанок ќе биде загрозен од приливот на поевтини земјоделски производи од Бразил и другите земји од регионот, поради што Ирска, Франција, Полска, Унгарија и Австрија гласаа против договорот.

Ирските земјоделци особено се противат на договорот поради стравувањата дека тој ќе донесе дополнителни 99.000 тони евтино говедско месо од Јужна Америка, што сериозно би го нарушило домашното производство.

Можете да прочитате

Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху