Утрински Весник
Економија

Останува иста цената на лебот и белите пецива во штипските пекарници

Leb.jpg

Зголемената цена на струјата нема да предизвика зголемување на цената на лебот и белите пецива. Ова е ставот на Николче Малинов кој е сопственик на штипска пекарница, кој воедно посочи и дека има доволно количини на брашно, па производите ќе останат исти на нивните производи како досега.

-Сега за сега нема некоја информација дека ќе биде зголемена цената на брашното и на енергенсите. Струјата е нешто минимално покачена, но тоа нема да се одрази на цената на производот бидејќи ќе го искалкурираме со некои други заштеди, рече Малинов.

Тој истакна дека на пекарниците од помош е и Законот со кој се овозможува да работат пензионери, а се враќаат и работниците од Хрватска на пример и на тој начин се задоволуваат потребите.

-Веќе се менува и Законот, пензионерите можат да работат и се потпираме на нив, рече Малинов.

Лебот во Штип се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот. 

Можете да прочитате

Раст на извозот и увозот во првите 11 месеци од 2025 година

Поскапеа храната и алкохолот – 24info.mk

МТСП: Во тек е исплатата на посебен додаток, туѓа нега и попреченост