
Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар во двата правци, поради врнежи од снег.
Како што информираат од АМСМ, забраната е воведена во 14:10 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег кој се задржува на коловоз се бележат од влез на с.Свињишта до превојот Буково и од с.Врбјани до Превојот Пресека, екипите на Македонија Пат се на терен и се преземаат мерки за чистење на снегот. На патниот правец Струга-Кафасан и превој Стража се бележат слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловоз додека на патниот правец Дебар-Маврово врнежи од дожд.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

