Утрински Весник
Свет

Мелони: Време е ЕУ директно да разговара со Русија

Meloni.webp.webp

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека се согласува со францускиот претседател Емануел Макрон оти Европската Унија треба директно да преговара со Русија доколку напорите на САД за посредување за мир во Украина не резултираат со договор, јави италијанската агенција АНСА.

– Во тој случај мислам дека Макрон е во право. Време е ЕУ да разговара со Русија. Ако Европа одлучи да преговара само со една од двете страни, се плашам дека нејзиниот придонес ќе биде ограничен, изјави Мелони.

Таа нагласи дека клучното прашање е кој треба да ги води преговорите. – Ако направиме грешка да ги обновиме разговорите со Русија и да дејствуваме некоординирано, ќе му направиме услуга на (рускиот претседател Владимир) Путин, рече италијанската премиерка, додавајќи дека последното нешто што го сака е да му помогне на рускиот претседател.

Мелони истакна дека ја поддржува идејата за назначување специјален пратеник на ЕУ за Украина. Воедно, таа ги отфрли тврдењата дека безусловно го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп.

– Не се согласувам со Трамп за многу прашања, рече Мелони на годишната прес-конференција, додавајќи дека меѓународното право мора да се штити и дека прекршувањето на правилата ги прави сите поранливи. – Кога не се согласувам со него, му го кажувам тоа, нагласи таа.

Во однос на ЕУ и НАТО, Мелони изјави дека настојува односите со сојузниците да се развиваат во позитивна насока. – Барам напредок, а не назадување, во односите со нашите сојузници, рече таа.

Можете да прочитате

Орбан: Глобална трансформација е пред нас

Автобус со речиси 50 луѓе се запали на автопат во Романија

Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија