Утрински Весник
Македонија

Советот на јавни обвинители отвори постапка откако Мицкоски ја нарече Ленче Ристоска „медиокритет“

Foto lence ristoska.jpg

Советот на јавни обвинители отвори постапка за да утврди дали јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски претставуваат притисок и нарушување на самостојноста на јавна обвинителка Ленче Ристоска.

Постапката е покрената по писмено известување од нејзина страна, која реагираше на изјавите во кои беше јавно наречена „медиокритет“ и поврзана со „клиентелистичко-политичка матрица“. Таа оцени дека ваквите квалификации се обид за влијание врз нејзината работа.

Советот ќе се постапува според Правилникот за заштита на самостојноста на јавните обвинители. Според процедурата, ќе биде формирана тричлена комисија која ќе ги утврдува фактите и околностите, ќе собира информации и, доколку е потребно, ќе побара изјаснување и од обвинителката и од премиерот.

Доколку комисијата утврди такво нарушување, Советот може јавно да го соопшти заклучокот и да го достави до надлежните институции.

Изјавите на Мицкоски беа дадени во јавноста, во контекст на неговите критики за ставовите на Ристоска околу измените на Кривичниот законик, по што Ристоска побара јавно извинување.

Можете да прочитате

Силна нестабилност со пороен дожд, град и грмежи помеѓу Неготино и Демир Капија

Седум амандмани прифатени од вкупно 105 поднесени за Предлог на законот за судска служба

Невреме со пороен дожд во Штип и Гевгелија