Утрински Весник
Скопје

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон

Usje.jpeg

Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи, велат од компанијата.

Оттаму, додаваат дека компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.

Производството запира доколку филтрите не работат

Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.

ТИТАН УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот

Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на ТИТАН УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Оттаму, додаваат дека работењето на компанијата е постојано следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина

Кога печките на ТИТАН УСЈЕ работат, тие работат 24 часа

ТИТАН УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Производството на цемент е поинтензивно во текот на летните месеци, отколку во зима

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо во текот на летните месеци, отколку во зима.

Можете да прочитате

Притвор за 41-годишник од Велес поради семејно насилство врз партнерка во Скопје

Снег и студ носат измени во ЈСП

Зголемен водостојот на реката Вардар во Скопје