Утрински Весник
Свет

Трамп сака буџет за одбрана од 1,5 трилиони долари

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера изјави дека буџетот за одбрана на САД „треба да биде 1,5 трилиони долари во 2027 година, а не еден трилион долари“, што е зголемување од 50 проценти.

„По долги и тешки преговори со сенатори, претставници, членови на кабинетот и други политички претставници, утврдив дека за доброто на нашата земја, особено во ова многу турбулентно и опасно време, нашиот воен буџет за 2027 година треба да биде 1,5 трилиони долари, а не еден трилион долари“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social.

За 2025 година, американскиот парламент предвиде воени алокации од 900 милијарди долари, што е највисок буџет во светот

Можете да прочитате

Венецуела сака повторно да воспостави дипломатски односи со САД

Руски дронови погодиле два странски цивилни брода во регионот на Одеса

Над 60 загинати во протестите во Иран