Утрински Весник
Свет

Европската комисија подготвува правила за означување содржини создадени со вештачка интелигенција

Eu 1.webp.webp

Корисниците што користат генеративни системи на вештачка интелигенција за професионални цели ќе мора јасно да ги означуваат лажните објави и публикации создадени со ВИ, доколку се однесуваат на прашања од јавен интерес. За полесно спроведување на овие обврски, Европската комисија го поддржува изготвувањето на доброволен кодекс на практики од независни експерти, пред правилата официјално да стапат во сила.

Нацрт-кодексот е поделен на два дела: првиот се однесува на означување и откривање содржина генерирана со вештачка интелигенција и е наменет за давателите на вакви системи, додека вториот се однесува на означување лажни објави и одредени текстови создадени или манипулирани со ВИ за прашања од јавен интерес и важи за корисниците на овие алатки. Европската комисија ќе прибира коментари за првиот нацрт до 23 јануари, а вториот нацрт се очекува до средината на март 2026 година. Финалната верзија на кодексот треба да биде подготвена до јуни, а правилата за транспарентност ќе почнат да се применуваат од 2 август 2026 година.

Можете да прочитате

Трамп му посака среќа на Орбан во изборната кампања

Половина Киев е без греење

Иранскиот Ајатолах: Трамп ќе биде соборен како и другите арогантни деспоти