Утрински Весник
Балкан

Над 800 домови во Драч се под вода

Poplavi.jpg

Состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична. Околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста.

Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу, синоќа го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична.

„Сите структури се на терен а ситуацијата континуирано се следи, бидејќи опасноста сè уште не е помината“, објави Венгу на Фејсбук.

Тој додаде дека силите за цивилни вонредни состојби, општинските служби и надлежните институции се посветени на управување со ситуацијата и за итна интервенција каде што е потребно.

„Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на структурите за итни случаи сè додека ситуацијата не се нормализира целосно“, порача Венгу.

Можете да прочитате

Голем пожар во Тирана: Горат околу 50 магацини, евакуирани многу семејства

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите

Во cнежно невреме во Романија над 11.000 домаќинства останаа без струја