Утрински Весник
Македонија

Син со 2,33 промили алкохол во крвта се заканувал на мајка си во демиркаписко 

Policija 1.webp.webp

Од Секторот за внатрешни работи – Велес информираа дека денеска бил лишен од слобода 51-годишник од село во демиракаписко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом и се заканувал на неговата 75-годишна мајка.

Полициски службеници од ОВР – Неготино, утрово во три часот го лишиле лицето од слобода. При преземање мерки, кај него биле измерени 2,33 промили алкохол во крвта.

-Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, потенцираа од СВР – Велес.

Можете да прочитате

Од министер во национален координатор: Љутков останува во Владата

Најмладиот пациент со тешка форма на западнонилска треска има само 25 години

За 24 часа уапсени 11 возачи низ Македонија