Утрински Весник
Македонија

Облачно време со врнежи од дожд и снег

Dozd.jpg

Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Утре врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува засилен ветер од јужен правец над 60 km/h, информираат од УХМР.

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје, утре особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Во четврток во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежи од дожд и снег ќе има и во сабота.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова на собраниската седница „Правата и можностите на жените – достигнувања и перспективи“

ПР-менаџерот на ДНК во судница: Хонорарите во дискотеките со години се исплаќаа „на рака“

Битиќи: Жена е убиена поради институционални слабости, понорот се полни со човечки животи