Утрински Весник
Економија

Димитриеска – Кочоска: Е-фактурата се воведува како нова дигитална алатка во борбата против сивата економија

Gordana dimitrieska kocoska1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Е-фактурата се воведува како нова дигитална алатка во борбата против сивата економија. Со ова решение се очекува поефикасно следење на финансиските текови, зголемена дисциплина и подобра наплата на јавните приходи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска ја претстави е-фактурата како клучна алатка во борбата против сивата економија и како значајна реформа во јавните финансии.

Со имплементацијата на е-фактурирањето, компаниите добиваат значително олеснување во административните процедури, се намалува потребата од хартиена документација, а процесите стануваат побрзи и поедноставни. Системот овозможува поголема транспарентност и еднакви услови за сите учесници на пазарот, што придонесува кон пофер и поконкурентна економија.

Надлежните институции посочуваат дека дигитализацијата не е само техничка промена, туку стратешки чекор кон модерна и ефикасна држава, во која бизнис-заедницата ќе може да се фокусира на раст, инвестиции и развој, наместо на бирократски обврски.

„Со дигитализација ги поедноставуваме процесите, ја намалуваме употребата на хартија и им овозможуваме на компаниите да се фокусираат повеќе на раст и развој“, истакна Димитриеска – Кочоска.

Можете да прочитате

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница

Големи разлики во пензиите низ Европа

Има ли крај? Становите поскапеле за 25 проценти во четвртиот квартал лани