Утрински Весник
Македонија

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е “срам за граѓаните“ 

Sdsm.webp.webp

Мафијата на власт откри како гледа на членството во НАТО. За криминалната ВМРО членството на Македонија во НАТО не било успех туку „срам за македонските граѓани”.

Македонските граѓани се гордеат со овој национален успех кој е заедничка победа на целиот наш народ благодарение на патриотските и државнички политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ беше против.

Само криминална власт може за членството во НАТО со кое трајно се обезбедува безбедноста на граѓаните, територијалниот интегритет на Македонија и сигурноста да каже дека е „срам за граѓаните”.

Е затоа САД носат Закон за Западен Балкан, против криминалот и корупцијата.

И затоа Мицкоски вели ја поддржува ама не ја поддржува акцијата на САД во Венецуела.

Тука лежи проблемот на ВМРО и на македонскиот Мадуро.

Нема бегање, следува одговорност!

СДСМ, Центар за комуникации со јавноста

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова на средба со претседателот на фондацијата „Мармара“, Акан Сувер

Времето утре со врнежи од дожд

31,2% од децата во Македонија имаат зголемена телесна тежина