Утрински Весник
Македонија

Повторно затворен граничниот премин Евзони за влез и излез од Грција

Evzoni.jpg

Грчките земјоделци вечерва повторно го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сите видови возила, блокада, што се очекува да трае до 22 часот по македонско, односно 23 часот по грчко време, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот граничен премин и вчера беше затворен во попладневните часови, по пауза од три дена поради празниците.

Како што претходно објави МИА, на денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше одлучено в четврток и петок да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како и граничните премини, но веројатно само за камиони.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, додека пак ден подоцна, на 1 декември беа паркирани трактори и на граничниот премин Евзони, каде што речиси секојдневно на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила

Можете да прочитате

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда

Фирма од Струмица од 2020 до 2026 година неовластено вршела увоз, складирање и продажба на хемикалии