Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Стоиме зад САД – 24info.mk

Mickoski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се осврна на позицијата на државата поврзана со приведувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, што го спроведоа Соединетите Американски Држави. Тој истакна дека Владата апсолутно стои до аргументите и потезите на нашиот стратешки партнер и предупреди дека критиките од европските земји треба да се гледаат во контекст на нивната тишина во минатото кога меѓународното право се кршеше на грбот на Македонија.

– Таквиот коментар би им го оставил на експертите по меѓународно право. И како тогаш сите тие се оглувеа и никој не го коментираше сето тоа, а сега одеднаш сите имаат мнение. Јас тоа би им го оставил на експертите. Но еднаш кога во животот ќе направите исклучок, тој потоа станува пракса и е прашање на време кога ќе се удри од вашиот грб – рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста