Утрински Весник
Македонија

Пукале со пиштоли од колона автомобили на свадба

Policija 1.webp.webp

На 02.01.2026 околу 09:30 часот во с.Лажани, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово ги лишија од слобода М.С.(36) и С.Б.(29), двајцата од с.Лажани.

М.С. со возило „фиат хрома” со прилепски регистарски ознаки и Б.С. со возило „мерцедес” со германски национални ознаки биле дел од колона возила за семејна веселба и притоа од возилата испукале повеќе куршуми од огнено оружје.

Притоа, од М.С. се одземени гасен пиштол „Reaty Eagle” со 40 куршуми калибар од 9мм, додека од Б.С. се одземени  гасен пиштол „Walther” со 12 куршуми калибар 9мм.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови