
Железничкиот сообраќај во државата од попладнево целосно се нормализира откако по делумниот бојкот, кој стапи вчера, е заокружена исплатата на ноемвриската плата за дел од машинскиот и извршниот персонал.
– На средба со државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт отворено е разговарао за проблемот и е надминат. Исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година и се работи активно на реализирања на останатите барања на Синдикатот. МЖ Транспорт продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предизвиците со кои се соочува претпријатието, информираат од Министерството за транспорт.
Првите возови што ќе тргнат попладне по прекинот на бојкотот се на релациите Скопје – Гевгелија во 16:55 часот и Скопје – Куманово во 16:57 часот. Бојкотот почна вчера во 04:47 часот и го погодил поголемиот дел од товарните возови. Првиот дел од платата за ноември беше исплатен на 18-ти декември, а со денешната исплата се заокружува целосно ноемвриската плата. Синдикатот продолжува да бара исплата на прекувремени часови, бонус за над 150 прекувремени, покачување на коефициентот за 0,80 поради зголемени животни трошоци и додаток од 10% за вонредно повикување на работа.



