Утрински Весник
Економија

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

20260102140110 big 730x400 57.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на 12 јануари да има состанок на кој дефинитивно ќе бидат констатирани приоритетите со сопственикот и менаџментот на компанијата „АКСА“ за најавената инвестиција од една милијарда евра во гасификација и конечно, ако се оди според планот на есен, да почнеме со камен-темелник во 2026 година.

За најавената гасификација и инвестицијата на гигантот „Акса“, Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, рече дека физибилити студијата е направена од реномирана светска куќа, параметрите се јасни и приоритетите се дефинирани.

-Но истовремено сакам да ја информирам јавноста дека не е само овој проект со вредност до една милијарда евра – имаме уште неколку проекти кои се работат и се разработуваат во делот на гасната инфраструктура и когенеративните гасни централи. Очекувам наскоро и за нив, преку прес-конференција, да ги информираме граѓаните што е тоа што е сработено – изјави Мицкоски.

Енергетските компании „АКСА“, кои се дел од турската компанија „Казанчи Холдинг“ со која Владата претходно потпиша меморандум за сорабтка, е водечка турска компанија со над 25 години искуство, работи со инсталиран капацитет од над 3.500 мегавати во осум земји и оти работат во 22 земји на четири континенти.

Со нив, како што беше претходно објавено има план за изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи со 500 мегавати инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1 терават часови електрична енергија и 720 гигават часови топлинска енергија на годишно ниво – инвестиција од над една милијарда евра.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците

Невработени, студенти, ученици и пензионери, ќе можат да бидат ангажирани без губење на веќе стекнати права