Утрински Весник
Скопје

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

20260102115820 big 730x400 12.webp.webp

Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата вршител на должноста директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој доаѓа на оваа позиција како кадар на Коалицијата ВРЕДИ, односно од Движењето БЕСА.

Информацијата ја потврди самиот Сефери преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“.

​Во своето прво обраќање, новиот в.д. директор најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.

-Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам со посветеност, транспарентност и професионализам во служба на граѓаните и јавниот интерес. Убеден сум дека преку чесна работа, ефикасно менаџирање и институционална соработка, ќе постигнеме конкретни резултати во подобрувањето на зелените површини и јавните услуги, порачува меѓу другото новиот в.д. директор Сефери.

Можете да прочитате

Соседска дружба за пример: Цртан филм и маскота ги собраа семејствата во Џевахир во Аеродром

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување, ги зајакнуваме врските со Арберешите преку конкретна соработка

Ѓорѓиевски: Мост „Генерал Михајло Апостолски“ – се ослободува трасата за конечно ставање во функција