Утрински Весник
Економија

Николовски: Во 2025та наплативме 2,14 милијарди евра – во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024та

Nikolovski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Царинската управа во 2025 година наплати приходи од 131,6 милијарди денари или 2,14 милијарди евра што претставува раст од 5,2 % или 105,1 милион евра повеќе споредбено со 2024 година. Раст е забележан по сите основи – наплатата на приходите од царина бележи раст од 15,5 %, од данок на моторни возила 12,5 %, од акциза за 5,9 % и од ДДВ при увоз за 3,2 %.

„На годишно ниво имаме континуиран раст на приходите, при што најголем процентуален раст од 10,6 проценти е забележан во декември, при што е реализирана наплата на приходи од 190,2 милиони евра. Кумулативно за цела 2025 година наплативме приходи од 2,14 милијарди евра или 105,1 милиони евра повеќе од лани.  Податоците јасно ја покажуваат зголемената ефикасност на Царинската управа во наплатата на приходи. Ова значи повеќе средства за капитални инвестиции кои ќе генерираат одржлив економски раст – повеќе средства за здравство, за образование, за нови градинки и училишта, за инвестиции во патна и железничка инфраструктура”, истакнува директорот Бобан Николовски.

Можете да прочитате

Состанок со „АКСА“ на 12 јануари и камен-темелник на есен за инвестицијата од една милијарда евра во гасификација, најавува Мицкоски

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, заклучно со април 2026 нема да има пензија под 15 илјади денари

Идната недела анализа дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците