Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, со трактор излетал од патот

Policija.webp.webp

Тешко повреден е 26-годишен жител на неготински Долни Дисан, откако со трактор излетал од патот.

-Во ОВР – Неготино е пријавено дека во атар на село Долни Дисан, на место викано „Василева Чешма“, Љ.К. од ова неготинско село, управувајќи трактор „фергусон“, изгубил контрола и излетал надвор од патот, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница – Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Можете да прочитате

Бесерменји од Белград: Заплашувањата не успеаја, очекуваме излезност над 70 отсто

Богдановиќ за изборите во Србија: Сега е финалето и за власта и за студентите

Здравковски прогнозира победа на Вучиќ и немири во Србија по гласањето